Петар Печков
Објавено: сабота, 31 октомври 2009
Познати се имињата на лицата кои се кандидирани за општинските признанија, за животно дело „Гемиџии“ и „9-ти Ноември“.
За наградата „Гемиџии“ канидидати се:
- Димче Бегинов - музичар
- Борис Поп Ѓорчев - новинар
- Кире Димитриевски - лице со хендикеп
- Павлина Климкар Меанџиева - поетеса
За наградата „9-ти Ноември“ кандидати се:
- Ангел Љутков - тренер
- Јордан Маневски - пеач
- Спортски центар за боречки спортови „Бушидо“
- Одделението за трансфузиологија при ЈЗУ Болница Велес
- Златко Панчевски - за научен труд
- Славјанка Љуткова - поетеса
- Учениците од 3-то оддление при ОУ Рајко Жинзифов за награда на меѓународен конкурс
- Јорданчо Бајрактаров - извидник
- Стрип Центар - Велес
- Државен Архив - Велес
- Киро Атанасовски - претседател на стрелачка федерација
Наградите и признанијата ќе бидат доделени на Денот на општината 9-ти Ноември.
